fbpx

СДСМ Прилеп: Бездушноста на ВМРО-ДПМНЕ нема граница!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Почитувани,

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп не спомена ништо за катастрофалната состојба во прилепската Болница.

ВМРО-ДПМНЕ се толку бездушни што нивната дрскост и безобразност, нивното непочитување на граѓаните не им дозволува да реагираат разумно и надвор од партиската матрица дури и кога згаснуваат човечки животи поради хаосот во здравството.

Никола Груевски и неговите локални послушници, свесни дека следува казната за од корен уништеното здравство, за криминалот и корупцијата, за злоупотребата на власта, за уништените животи на цели генерации, прават се да нема фер и демократски избори.

Никој не може повеќе да ја држи Македонија во заложништво!

Затоа вчера, Никола Груевски, како уплашено маче побегна од соочување со вистината!

Доаѓа време кога на избори ќе одлучат граѓаните, а не мафијата!

Доаѓа време кога парите на граѓаните, наместо да се изнесуваат во Белизе, ќе се трошат за вистински реформи во здравството и за подобар животен стандард во Македонија.

ОО СДСМ Прилеп

 

Последни вести