Филипче за новата програма на СДСМ: Платите нагоре и 50% поголеми пензии!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

На денешниот брифинг со новинарите претседателот на СДСМ, Венко Филипче промовираше дел од клучните политики и мерки од новата програма на партијата.

„Сведочиме на згрозувачка „инфлација на алчноста“. Додека работникот едвај врзува крај со крај, големите корпорации бројат рекордни профити среде криза. Имаме европски цени во маркетите, а плати што не држат на дното на Европа. Власта свесно замижува пред тој неправеден систем, каде профитот се изнесува надвор од земјата, наместо да заврши во џебот на граѓаните. Пенизионерите кои ја градеа оваа држава се оставени на маргините, гледајќи како нивните пензии секој месец губат во трката со цените и платите.“ рече Филипче.

Затоа ние нудиме не само бројки туку нов социјален договор, додаде тој.

„Економијата е за луѓето, не за газдите. И затоа не нудиме само бројки, туку сосем нов социјален договор. Прво, платите горе, понатаму пензии што растат, стоп за профитерите, македонски пари дома и крај на пазарниот терор.“ рече Филипче.

Мерката предвидува пораст на платите на работниците и 50% поголеми пензии. Ако профитот на фирмата расте, мора да расте и платата на работникот. Државата веќе нема да биде само нем набљудувач, туку партнер кој ги наградува фер компаниите, а ги казнува оние што профитираат на туѓа мака.

Државата го намалува својот даночен дел на фирмите што ги качуваат платите. Наместо во буџетот, парите завршуваат директно кај работинкот.

Пензијата ќе следи во чекор ако поскапи храната или пораснат платите, веднаш добиваат повеќе пензионерите. Гарантираме 50% раст за сите пензии по само еден мандат.