Филипче за програмата на СДСМ: Прв дом за младите – станбен кредит со камата од само 1%

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

На денешниот брифинг со новинари, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, ја презентираше новата предлог програма на СДСМ „Твоја држава – твоја шанса“, која содржи конкретни мерки и политики за сите граѓани и за напредокот на државата.

„Предлог програмата беше подготвена во минатиот период од страна на стручните комисии на партијата и е работна верзија. Оваа предлог програма ја отвораме за широка дебата, дискусија со видни експерти и стручни здруженија од различни области и целта е да тој процес да се заврши на почетокот на јуни за ова програма се усвои како официјална партиска програма во следниот период после одржувањето на Конгресот на 7 јуни“, рече Филипче.

Еден од клучните столбови во програмата е „Дом за сите“, кој предвидува конкретни мерки за олеснување на пристапот до домување, особено за младите. За младите се предвидува целосно укинување данокот на промет за сите до 35 години кои го купуваат својот прв стан. Државата гарантира станбен кредит за млади до 35 години со фиксна камата од само 1% во првите 10 години. Твојот дом веќе не е недостижен сон, туку реална можност.

„Македонските градови се празни, тие се без луѓе, има се повеќе станови, а се помалку домови. Просторот е за живеење, домот треба да е спокоен. Решението е во целосна промена на парадигмата, преку интеграција на станбената политика од една страна и развојната политика од друга страна. Нашите предлог чекори се прв дом без данок – целосно се укинува данокот на промет на сите до 35 години кои купуваат свој прв дом. Понатаму, кров над глава со 1%, зелени и модерни згради, итен фонд за покриви и фасади и клуч во рака за млади, како и праведни даноци“, рече Филипче.