Филипче: Фабрики се затвораат, работници остануваат без работа

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинари предупреди дека поради промашените економски политики на власта, економските показатели бележат сериозно влошување, има драстичен пад кај странските инвестиции и сето ова резултира со затворање на фабрики и отпуштање на работници.

„Има пад на странските инвестиции. Во времето на владите на СДСМ, соочени и со тешки кризи, уште потешки од оваа сега после војната во Украина и ковид кризата кога целиот свет беше затворен, изнесуваа 1,2 милијарди евра, а сега се намалени на 460 милиони евра.Скоро 1/3 нови фабрики се затвораат, работниците се отпуштаат и се повеќе фабрики најавуваат заминување од земјата“, нагласи Филипче.

Притоа Филипче посочи дека статистичките податоци покажуваат дека економијата оди надолу.

„Загрижувачки се информациите од економијата, пад на индустриското производство. Јануари 2026 спредено со јануари 2025 година за 6,6%, пад на индустриското производството како и пад на производството во повеќе сектори“, рече Филипче.