Растат цените – расте рејтингот на Мицкоски и ВМРО-ОКГ!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Растат цените во маркетите, расте и огромното задоволство на граѓаните од Владата на Мицкоски.

Цените до плафон – рејтингот до плафон.

Најмногу расте рејтингот на Мицкоски поради целосно исполнување на сите предизборни ветувања, како што е враќањето на името!

Омилената агенцијата на ВМРО-ОКГ ова го потврдува.

Тоа е позната агенција која само во минатата година добила 400.000 евра од Владата на Мицкоски. Очигледно оваа година Владата треба да им додели уште поголем договор, за волку добри резултати.

Инаку, сестринска агенција на оваа агенција е ИПСОС – блиска до сестринската партија на ВМРО- СНС.

Граѓаните заработуваат по 200.000 евра дневно само од една мерка на владата на Мицкоски за горивата.

Нема леб, но затоа има игри!

Македонија повторно горда!