Фрижидер анкета

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштене за јавност

Цените во продавниците, маркетите и на пазарите растат секој ден, граѓаните едвај врзвуваат крај со крај.

Дури и пиперките стануваат луксуз со цени од 300 денари за килограм, доматите над 200 денари.

Зејтинот е 118 денари, јајцата над 110 денари.

Цените до плафон – рејтингот до плафон.

Во маркетите – шок а во фрижидерите на граѓаните – празнина.

Доаѓа Велигден, следат подготовките. Е тогаш, секое македонско семејство ќе го провери „рејтингот“ на власта – директно во својот фрижидер.

Нема поголема анкета од оваа.

Нема поголема вистина за рејтингот од празната трпеза.

Нема леб, но затоа има игри!

Македонија повторно горда!