Прес конференција, Драган Крајовски, Член на ИО на СДСМ
Почитувани граѓани,
Денес Битола е на колена.
Градот е со крш и издупчени улици, цела зима поплавуван, а депонии никнуваат на секој агол. Битола тоне во проблеми, во време кога семејствата едвај се справуваат со секојдневните трошоци, наместо подршка и разбирање, локалната власт и раководствата на јавните претпријатија носат одлуки со кои дополнително го зголемуваат товарот врз граѓаните со покачување на цените за комуналните услуги.
Постојано предупредуваме дека ВМРО-ОКГ поставува партиски, нестручни и неквалификувани менаџери.
Резултатот од таквото управување денес е јасно видлив – институциите не функционираат како што треба.
Се е бизнис за ВМРО-ОКГ!
Како пример за тоа е поставувањето пензионер за директор на РЕК, како да нема стручен кадар меѓу повеќе од 3000 вработени. Битола има луѓе со знаење и искуство кои можат професори да му бидат на истиот.
Ама кога е во прашање бизнис мрежата на Мицкоски во енергетиката мора!
Кога ќе стигне поскапа сметка за струја, знаат битолчани, знаат сите граѓани, зошто е тоа така.
Ова директно се одразува и врз здравјето на граѓаните.
Стотици вработени во РЕК завршија на Инфективното одделение поради труење, а дел и на Интерно поради компликации. Првичното соопштение наместо да им биде во насока да вработените побараат лекарска помош поради труење ги прогласија вработените за манипуланти кои отсуствуваат од работа.
На сите затруени им посакуваме брзо закрепнување.
Со ВМРО-ОКГ секогаш цената на лошото менаџирање ја плаќаат граѓаните.
Граѓаните на Битола се колатерална штета на лошото управување.
Бараме истрага, преиспитување на сите одлуки кои директно штетат на здравјето и животниот стандард на битолчани и утврдување одговорност.


