fbpx

Еве фотографии на кои само Груевски го гледа тоа што го нема

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Нека не ги потценува ВМРО-ДПМНЕ граѓаните, кои гледаат и знаат.

ВМРО-ДПМНЕ краде, лаже и за тоа ќе одговара.

За руинираната амбуланта во Ранковце, сведочат овие фотографии во прилог што не им се гледаат на Никола Груевски и соработниците.

За оваа состојба ВМРО-ДПМНЕ без срам вели дека жителите на Ранковце имале подобра амбуланта во Крива Паланка?!

Жителите на Ранковце редовно си плаќаат данок и имаат право да имаат своја достоинствена амбуланта и лекар секој ден, а не кога ќе и текне на власта на Груевски.
Во 50-те години на минатиот век, луѓето во Ранковце имале навремени и квалитетни здравствени услуги, што сега ги немаат!

А зошто бега Груевски од другата негова лага во Ранковце, фамозната инвестиција Веибо, на чијашто локација има само писта до дупки, за што сведочат другите фотографии во прилог на ова сооштение?

Каде е инвеститорот и каде се 6-те илјади вработени од овој крај што ги ветуваше Груевски?

Или на Груевски му се гледа нешто што на никој друг не му се гледа.
Ете ги фотографиите, на ископаната локација има само хеликоптерска писта на којашто турскиот сопственик никогаш не слета во Ранковце.

Груевски самиот рече по оставката дека има повеќе време да шета.

Би требало да појде Груевски до Ранковце за да се увери во неговите дела, дупки и крш, ако не им верува на сопстевните очи за реалноста на фотографиите во прилог.

Бидејки доаѓа време кога власта на Груевски ќе треба да даде вистински отчет, украдените пари да ги врати, а за злоделата, да одговара.

 

 

Скопје, 20.02.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести