fbpx

Медиумските курири ги бранат криминалите на Никола Груевски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Медиумските курири преку нарачаните текстови коишто ги објавуваат покажуваат дека нивната клучна улога е да шират лаги во одбрана на криминалните активности и корупцијата во врвот на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека Никола Груевски молчи која е неговата улога во злосторничкото здружување, медиумските курири шират лаги и неуспешно се обидуваат да го свртат вниманието на јавноста.

“Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија” се три провладини медиуми, коишто за три години оствариле приходи од 3 милиони евра.

Јавноста дозна за поврзаноста на „Република“ со даночниот рај на фамилијата, Белизе. Како и за поврзаноста на радиото Слободна Македонија со фирмата НВСП на Владислав Стајковиќ, близок до братучедот на Груевски, Сашо Мијалков.

Вистината за Македонија откри дека фирмата НВСП на Стајковиќ е дел од провизијата од 540 илјади евра што братучедот на Груевски, Мијалков ја бара за набавување на опрема за прислушување од Израел.

Корупцијата, криминалот, реалноста, 10 години се крие од граѓаните со помош на медиумскиот мрак. Затоа 20 милиони евра, пари на граѓаните завршиле во провладините медиуми, за само три години.

Ова е уште еден доказ зошто е потребна слобода на медиумите, зошто е неопходна регулација на медиумскиот простор во интерес на граѓаните.

Граѓаните во Република Македонија се обединети против корупцијата и криминалот.

Секој оној којшто ги прекршил уставот и законите треба и мора да понесе одговорност.

Скопје, 19.02.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести