fbpx

Катастрофата во здравството се гледа насекаде

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Попусто ВМРО-ДПМНЕ пишувале празно соопштение, од фотографиите се гледа катастрофалната состојба во којашто се наоѓа Здравствениот дом во населба Лисиче.

Руинираниот Здравствен дом во Лисиче, на само неколку километри од центарот на Скопје, ја покажува целосната негрижа на ВМРО-ДПМНЕ за здравството и здравјето на граѓаните.

Овој здравствен дом објект е заборавен од власта во заминување. Не само што не е одржуван, не само што воопшто не е инвестирано во него, туку нема донесено ниту еден нов медицински апарат.

ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски потрошија 630 милиони евра за споменици а граѓаните на Скопје, на Лисиче, не можат да добијат основни здравствени услуги во достоинствени услови.

На граѓаните им треба Здравствен дом кадешто ќе можат да добиваат соодветна здравствена услуга.

Заврши времето на ВМРО-ДПМНЕ, доаѓаат промени на слободни, фер и демократски избори.

Кога СДСМ ќе ја преземе одговорноста што ќе и ја дадат граѓаните, ќе ги промени приоритетите и парите ќе ги насочи кон граѓаните и решавање на нивните проблеми.

СДСМ има системски решенија за создавање на вистинско јавно здравство, со бесплатно лекување за сите и ослободување од партиципација.

 

Скопје, 20.02.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести