fbpx

Пендаровски во Демир Капија: Македонија мора да се ослободи од криминалот и корупцијата, за да ја обезбеди иднината

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Носителот на столбот Партнерства за демократска Македонија, Стево Пендаровски, придружуван од претседателката на Комисија за информатичко општество и администрација, Цветанка Иванова, денеска беа помеѓу граѓаните на Демир Капија.

Пазарџиите ги споделуваа проблемите со коишто се соочуваат и се пожалија дека секојдневието едвај го преживуваат.

-Двете деца ми се со факултет, а се без работа и приморани се да бегаат за странство. Овие од власта го лажат народот. Денеска е пазарен ден, еве гледате колку малку луѓе има на пазар, замислете како е останатите денови. На Никола Груевски не му е важно како живееме ние овде, важно му е само што ќе кажат медиумите платени со наши пари, рече еден пазарџија од Демир Капија.

-Груевски и бандата околу него избркаа над 626 илјади млади од Македонија. Поради криминалните политики на Груевски останавме земја без народ. Македонија мора да се ослободи од криминалот, од корупцијата, за да ја обезбеди иднината. Пред 10 години земјите од регионот беа позади нас, сега на сите им гледаме во грбот. Груевски ни украде 10 години од животот, рече Пендаровски.

Државата нема пари за систем за наводнување за земјоделците, а има за споменици и барокни фасади коишто чинат 630 милиони евра, се пожалија земјоделците во Корешница.

-Субвенциите одат кај бизнисмените блиски до фамилијата, до Груевски и Мијалков. Ако немаш партиска книшка на ВМРО-ДПМНЕ нема да добиеш субвенции, рекоа земјоделците.

Жителите на Демир Капија се пожалија и на лошите услови за лечење, на хаосот во здравство. Тие за основни здравствени услуги мора да патуваат до Кавадарци и Неготино, затоа што нема услови за примање на вакцини и крвна слика во нивниот град.

-Кога СДСМ ќе ја преземе одговорноста, ќе ги промени приоритетите и парите ќе ги насочи кон решавање на проблемите во здравството, во интерес на граѓаните, рече Пендаровски.

 

 

Последни вести