Соопштение за јавност
Уште еден голем успех на македонската дипломатија. Освен врските со проруските Орбан и Сијарто, кадрите на ВМРО ОКГ сега разговараат за безвизен режим со Казахстан.
Земја исто така под руско влијание, во која целосно владее едноумие и речиси нема опозиција.
Првиот вицепремиер на Мицкоски – Иван Стоиљковиќ со Ноќните волци на Путин, Душан Адамовиќ од СНС, со врски во Москва – поставен почесен Конзул и бизнис партнер…
Предавникот Мицкоски е прокси руски играч на Балканот. Работи на изолација на Македонија која како што самиот кажа сака да трае со децении и за туѓи интереси.
40% од медиумите кои ВМРО ги контролира преку Орбан – застапникот на Путин во Европа, сега се веќе дел од мрежата “Говорит Москва”.
Треба да излезат и јавно да кажат дека Русија им е стратешки партнер, за да не се мачат со анти-ЕУ кампањата на началникот Латас.
Сигурно во анкетите им стои забележано дека 72% од граѓаните сакаат во Сибир, а не во ЕУ.




