fbpx

ВМРО-ДПМНЕ се плаши од одлучноста на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ е партијата којашто безобразно го распродава и руши имотот којшто е од огромно културно, историско и општествено значење за граѓаните на Р.Македонија.

Објектите коишто ВМРО-ДПМНЕ сака да ги распродава за ефтини пари се во сопственост на сите граѓани на Р.Македонија.

Оттука мизерни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да си ги присвојува овие објекти во сопственост на Р.Македонија.

Со години објектот на ПАРТИЗАН 4 е заборавен од власта на поранешниот премиер Груевски. Сега наеднаш на ВМРО-ДПМНЕ им текна на овој спортски објект со цел да ги полнат сопствените џебови со пари на граѓаните.

Груевски е човекот кој за 10 години не изгради ниту еден студентски дом а потроши 630 милиони евра за споменици.

Тоа е потценувачкиот однос на Груевски и ВМРО ДПМНЕ којшто го видоа и Битолчани во обидот за продажба на Офицерскиот дом, а сега го гледаат и скопјани во обидот за продажба на спортскиот центар Партизан.

Сега ВМРО-ДПМНЕ се плаши и се повлекува пред одлучноста на граѓаните.

СДСМ нема да дозволи апсурдни распродажби на објекти од културно, историско и општествено значење за граѓаните на Македонија.

Заврши времето на Никола Груевски. Завршува времето на криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Скопје, 19.02.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести