Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во интервју за регионалната Тв Ирис зборува за неговите активности и работата на неговиот кабинет во изминатите 100 дена во МЗШВ.
Тој потсетува на првата прес конференција во која повика за редовна исплата на субвенциите, потоа за поднесените кривични пријави за раководителот на подрачната единица во Битола, зборува за скандалите проврзани со Агенцијата за храна и ветеринарство, поради неисполнувањето на мониториг програмите за безбедност на храна и милионите евра кој завршиле кај фирми и луѓе блиски на власта како и за судирот на интереси на министерот Михаил Цветков за што заработи и кривична пријава.
Во интервјуто станува збор и за моменталната состојба во македонскиот аграр, за мерките кои СДСМ ги предвидува за подобрување на состојбата како и за соучесниците во уништувањето на македонскиот аграр, таканаречените лидери на земјоделците кои се поврзани со власта, најчесто за личен интерес.
Николовски го посочува претседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Ефтим Шаклев кој прв се јави во одбрана на владата и АХВ поврзан со скандалот со неспроведување на мониторинг програмите за безбедност на храната. Причината поради која Шаклев ја брани власта е немањето еколошка дозвола за фармата во негова сопственост поради што е принуден да биде сервилен кон власта и да ги брани нејзините погрешни политики, наместо правата на земјоделците.
Николовски како член и на Извршниот одбор на СДСМ, говори и за актуелните политички случувања во државата, за состојбата со медиумите, здравството како и одржувањето на изборите согласно договорот од Пржино.