fbpx

СДСМ Охрид: Локалитетот „Мауцкер“, наместо индустриска зона стана депонија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Почитувани граѓани,

Наместо развојни зони, од криминалните политики на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ останаа само празни ливади.

Локалитетот „Мауцкер“, наместо индустриска зона стана депонија.

Иако во програмата на градоначалникот Бакрачески беше приоритетен проект за изградба на развојна индустриска зона ВМРО-ДПМНЕ го остави како депонија во којашто без контрола се депонира градежен, но и комунален отпад од страна на ЈП „Охридски Комуналец“.

ОО СДСМ Охрид во неколку наврати претходно укажуваше дека локалната власт на несоодветен начин се однесува со локалитетот „Мауцкер“ . Дополнително, депонијата предизвикува штета и на здравјето на граѓаните.

Накратко, „Мауцкер“ е уште една потврда дека ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ не се остваруваат.

За ВМРО-ДПМНЕ најважно е личното богатење на своите партиски претставници, граѓаните се целосно заборавени.

180 илјади граѓани во Македонија живеат со по само 40 денари на ден. Над 500 илјади живеат во сиромаштија. Невработеноста расте.

Затоа младите ја напуштаат Македонија, затоа младите го напуштаат Охрид.

Криминалот и корупцијата одземаа многу работи места.

Но, разобличен е криминалот на фамилија. Заврши времето на Никола Груевски! Граѓаните се обединети против корупцијата и криминалот.

Кога СДСМ ќе ја преземе одговорноста што ќе и ја дадат граѓаните, ќе ги промени приоритетите и парите ќе ги насочи кон решавање на реалните проблеми на граѓаните.

ОО СДСМ Охрид
19.02.2016 год

 

Последни вести