Соопштение за јавност
Христијан Мицкоски секојдневно ги лаже граѓаните дека владата нешто следи и вели дека нема потреба да се преземат мерки.
Ние предупредивме дека овој раст на цените на нафтата ќе повлече и ќе предизвика раст на цените на сите основни прехранбени продукти. И тоа се случи.
Поскапува лебот, веќе се поскапени зејтинот, јајцата, млекото, пиперките, доматите, овошјето….Поскапувањата се од 5% па се до 300% кај овошјето и зеленчукот.
Граѓаните веќе едвај врзуваат крај со крај. Секое одење во маркет е нов шок.
Сега ниту 600 евра не се доволни за граѓаните да ја надминат кризата, а сегашното минорно зголемување на миналната плата од 1.667 денари нема вредност.
Со покачувањето на платите граѓаните може да купат 2 килограми домати, 2 килограми краставици, табла јајца и 4 литри бензин. Толку.
Уште колку треба да поскапи лебот за Христијан Мицкоски конечно да преземе мерки?




