Филипче: Младите не заминуваат само за плати – бегаат од неправеден систем

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервјуто на МТВ нагласи дека младите не ја напуштаат државата само поради ниските плати, туку поради нефункционален и неправеден систем во кој нема еднакви можности за напредок. Филипче посочи дека клучен проблем е партизацијата и недостатокот на фер систем во кој се напредува по заслуга, што директно влијае врз одлуката на младите да заминат од државата.

„Луѓето не го сакаат тоа. Мора да престане, брутална партизација мора да престане. И ќе видите дека во нашата програма има има меритократија на највисоко место. Луѓето, младите за тоа си заминуваат, не само за платите. Зборувам јас со студенти специјализанти, не им е на прво место причина заминување платите“, рече Филипче.

Тој додаде дека младите очекуваат систем каде ќе бидат вреднувани според трудот и знаењето, а не според партиски влијанија, и само такви промени можат да обезбедат подобра иднина за државата.

„Тие сакаат систем во кој што ќе имаат фер можност да напредуваат, а не корумпирано судство во кое што некој ги контролира како марионети судиите и обвинителите, затоа младите заминуваат. И само кога тоа ќе се смени и само кога ќе се воведе ветингот и само кога ќе има вистинска меритократија, кога ќе биде ценет трудот на луѓето и на пензионерите и на работниците соодветно, тогаш ние ќе имаме тука иднина, а тоа е можно само со Европска унија“, порача Филипче.