Филипче: Владата да престане со криминалните тендери и да почне да работи за граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Владата да престане со криминалните тендери и да почне да работи за граѓаните, апелираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција.

„Гледаме дека во Европската Унија се препорачуваат мерки за намалено користење на возилата, за работа од дома, така што апелирам владата сериозно да си ја фати работата, освен тендерите партиски што си ги делат, зашто видовме се експерти, нека се посветат малку и на тоа што има вистинска работа. Знам дека е тешко, не е едноставно, мислат дека треба да се грижат само за себе и тука се маестрални, но граѓаните имаат реални, вистински потреби,“ нагласи Филипче.

Претседателот на СДСМ, ја обвини власта дека ги остави граѓаните сами да се справуваат со економските проблеми, без желба и капацитет да им помогне.

„Ниту премиерот, ниту кој било во владата има желба, а јас сум сигурен дека нема ни капацитет да им помогнат на граѓаните, да конструираат мерки, да ги имплементираат за да се ублажат овие ценовни шокови. Повторувам, кризата ќе трае, допрва доаѓаат лошите ефекти од кризата, експертите предупредуваат и утре да заврши војната, кризата нема да заврши,“ рече Филипче.

Тој предупреди дека ситуацијата е уште посериозна со недостигот на горива, што ќе доведе до уште поголеми проблеми.

„Значи не само високи цени, туку недостаток на количини на горива. Оттука апелирам на две работи. Апелирам владата да се свести, премиерот да почне да живее во реалноста тука кај нас, да престане вака дилетантски да ја води владата, да барем малку се замисли, помисли како живеат граѓаните и да ги прифати нашите предлог-мерки, пакет на мерки, сега, иако е доцна, колку толку ќе имаат некој ефект. И второ, владата сериозно да ги разгледа опциите за зголемување на државните резерви на нафта,“ потенцираше Филипче.