Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, побара итно зголемување на државните резерви на нафта, како клучен чекор за заштита на граѓаните од ценовни шокови.
„Значи не само високи цените на светските берзи, туку и недостаток на количини на горива. Оттука апелирам на две работи. Апелирам владата да се свести, премиерот да почне да живее во реалноста тука кај нас, да престане вака дилетантски да ја води владата, да барем малку се замисли, помисли како живеат граѓаните и да ги прифати нашите предлог-мерки, пакет на мерки, сега, иако е касно, колку толку ќе имаат некој ефект. Да ги прифатеше пред неколку недели, немаше да има вакви ценовни шокови за граѓаните, ниту пак други продукти и други сегменти ќе беа во ризик да поскапат цените, како што е тоа случај сега. Освен ДДВ-то за храна, за горива, акцизите за горива треба и преполовување на цените на патарините. И второ, владата сериозно да ги разгледа опциите за зголемување на државните резерви на нафта“ рече Филипче.
Претседателот Филипче додаде дека цените на горивата, како што се двата главни типа на нафта – Brent Crude и WTI, во периодот од 27 февруари до денес, пораснале драстично. Цените се пораснати за 50,72%, односно 63,67%“ и ова е директна причина за растот на цените на дизелот, кој кај нас пораснал за 34,5%, од 71 до 95,5 денари.
„Предупредувавме, ќе повторам, од самиот почеток дека растот на цените ќе повлече раст на сè друго во државата. Од транспорт, бизнисот на компаниите, најмногу тоа што граѓаните веќе го чувствуваат, растот на основните прехранбени продукти. Тие беа и така високи, сега се дополнително се вивнаа нагоре, и со тоа, кај нас храната“, истакна Филипче
Претседателот на СДСМ ја обвини Владата дека не се справува со ситуацијата на време додека дилетантски да ја води државата.


