ВМРО и Николовски: исполнети сите услови на фирмата на Дака, а он е на црна листа на САД и руски човек

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Скандалот со Дака целосно ја разоткри вистината: за бизнис со ВМРО-ОКГ, условите мора да бидат „исполнети“.

И самите ВМРО-ОКГ и Александар Николовски јавно признаа дека „сите услови се исполнети“ и затоа фирмата на Дака ја ставиле во годишниот план на владата во енергетиката.

Како е можно фирма на лице кое е на црната листа на САД да ги исполнува сите услови за работа со државата?

Дака е руски човек, исто како Адамовиќ, со фирма на црната листа на САД и ги исполнил условите. Па како?

Одговорот е едноставен. Фирмата на Дака е на листа на владата поради бизнис мрежата на Мицкоски и неговите интереси во енергетиката.

Откако Антикорупцискиот тим на СДСМ ги фати живи како Дака ја ставиле на владината листа, следува паничен дефокус од ВМРО-ОКГ: Заев, снимки, инженеринг, референдум, ДУП – сè освен одговори.

Но дефокусот не поминува.

Граѓаните гледаат и знаат.

Клучната улога во овој скандал ја има Сања Божиновска, главниот оперативец на Мицкоски во енергетиката, вмешана во повеќе сомнителни бизнис релации со Руднап и Адамовиќ. Таа ја внела фирмата на Дака во Годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2026 година.

Станува збор за сериозни индиции за организирана корупција на највисоко ниво – вистинска ОКГ, организирана криминална група, која ја злоупотребува државата за приватни интереси.

Затоа, Јавното обвинителство мора веднаш да постапи.

Да се истражи случајот до крај. Да се утврди одговорност. Да се разоткрие целата шема.