Соопштение за јавност
„Секој ден постојано 90% од просторот на вмровските медиуми е црна кампања против Филипче и СДСМ. Зошто ако сме слаби, ако не постоиме, ако сме „мртва партија“?“ – истакна Рената Младеновска, членка на Извршниот одбор на СДСМ.
Младеновска посочи дека власта свесно креира дефокус за да го прикрие растечкото незадоволство кај граѓаните.
„Големо е незадоволството кај граѓаните од катастрофалните политики на Владата и Мицкоски, особено од поскапувањата, одбивањето да се покачат платите и непреземањето навремени мерки“, нагласи таа.
Наместо решенија, власта води организирана кампања за манипулација и дефокус.
„Постојано се штанцаат вести и се тера црна кампања на неколку клучни теми за дефокус: напади на СДСМ и линч на претседателот Филипче, подгревање на вештачки судири со соседите, како и креирање на меѓунационални тензии“, рече Младеновска.
Таа додаде дека вистинската цел е да се оттурне вниманието од реалните проблеми.
„Власта сака да создава вештачка слика за внатрешни проблеми во СДСМ само за партијата да мора да се занимава со деманти, наместо со разоткривање на предавството на националните интереси и финансиската криза во државата“, потенцираше Младеновска.
СДСМ порачува дека дефокусот нема да успее и дека граѓаните јасно ги препознаваат манипулациите.

