fbpx

Граѓаните на Македонија најдобро го чувствуваат колапсот на здравствениот систем

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ во своите празни соопштенија, најмалку можат да зборуваат за здравството во Македонија.

Граѓаните на Македонија најдобро го чувствуваат колапсот на здравствениот систем, благодарејќи на криминалните политики на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Здравствениот систем во Македонија е целосно срушен. Болниците се руинирани, граѓаните не добиваат квалитетни здравствени услуги, лекарите немаат основни услови за работа, умираат родилки и бебиња, се пука по докторите…

Македонија, според Еуростат е на врвот на листата со починати новороденчиња во Европа. Во земјава умираат 14 новороденчиња на 1.000 живородени.

Дури 200 лекари годишно заминуваат од земјава. На Македонија и недостасуваат над 2.000 лекари за да може да го постигне минимумот за достапност на здравствените услуги до секој граѓанин.

Според релевантните меѓународни истражувања Македонија се наоѓа на последно место во Европа по здравствени услуги, а на прво место како држава во која најстресно се живее.

Катастрофалните услови за лечење на пацинетите и за работа на докторите во Клиничката болница во Штип е уште една потврда за хаосот во здравството.

Најавите за изградба на нова Клиничка болница никогаш не се реализираа. Сеуште нема акцелераторот за зрачна терапија.

Пациентите коишто боледуваат од малигни заболувања како и дијабетичарите, постојано се соочуваат со недостиг на лекови коишто се неопходни за нивниот живот. Огромен е бројот и на оние коишто молат за помош за лекување во странство.

Пациентите и понатаму се лекуваат во мизерни и крајно недостоинствени услови, почнувајќи од недостигот на основни средсва, материјали и лекови, па се до преполните болнички соби со 10-12 кревети, лоши хигиенски услови, простории полни со мувла.

За Никола Груевски здравјето на граѓаните не беше важно, за него беа важни само тендрите и провизиите од споменици тешки 630 милиони евра.

Корупцијата и криминалот на власта во заминување е на дирекнта штета на здравјето на граѓаните.

Со 630 милиони евра за споменици ќе се решеа сите проблеми во здравството.

Кога СДСМ ќе ја преземе одговорноста што ќе и ја дадат граѓаните, ќе ги промени приоритетите и парите ќе ги насочи кон решавање на проблемите во здравството, во интерес на граѓаните.

Скопје, 17.02.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести