Нов скандал: 4 милиони евра за хонорари од 25.000 евра преку ЈПДП!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција на АКТ СДСМ, Петар Огњеновиќ – член на Извршниот одбор

Антикорупцискиот тим на СДСМ објавува нов скандал во ЈП Државни патишта тежок речиси 4 милиони евра.

Точно 3,8 милиони евра, пари на граѓаните завршуваат во хонорари и до 25.000 евра месечно, најголем дел од нив странци.

Преку тендер во ЈП Државни патишта на Коце Трајановски и склучен договор за техничка помош!

Додека Владата на Мицкоски одбива да ја покачи минималната плата и македонските работници работат за мизерни 400 евра се трошат речиси 4 милиони евра народни пари за хонорари од 25 илјади евра месечно.

Со одлука на Коце Трајановски ЈП годишно ќе плаќа околу 950.000 евра за само 13 експерти.

Па каде е овде логиката?

Вредноста е колку нето платите и надоместоците за 92 вработени во јавното претпријатие!

Ова е голем скандал. Уште еден пример за криминални тендери.

За 4 години ангажман, тим лидерот од овие експерти ќе добие 550.000 евра, половина милион евра.

ВМРО-ОКГ им дели милиони на „експерти“ додека македонски работниците се отпуштаат од работа, над 1500 работници се останати без разбота поради Мицкоски.

Кој ги одредил овие астрономски хонорари?

Како е можно да нема пари за македонските работници, а има за привилегирани поединци?

Кој профитира од ваквите договори?

Дали на овој начин се пумпаат пари на граѓаните?

Ова е криминален систем на тендери за кои АКТ постојано алармира, систем на испумпување на парите на народот..

СДСМ бара поништување и повлекување на овој скандалозен тендер.

Бараме испитување на потребата, критериумите и на целата постапка.

Одговорност мора да има!