(Видео) Тендери, песни, сега и злоупотреби на деца од ЗНАМ и Максим Димитриевски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Тендери, песни а сега и нов скандал, злоупотреба на деца за политички цели на ЗНАМ и Максим Димитриевски.

Во основното училиште „Кочо Рацин“ во Куманово, каде што работи и сопругата на Максим Димитриевски како и претседателката на Советот на Куманово, Ивана Георгиевска, исто така од ЗНАМ била организирана т.н. „хуманитарна акција“ од страна на Советот на родители.

Наместо вистинска хуманост, на настанот се злоупотребени дечињата и принудени да ја пеат песна од изборната кампања на Димитриевски.

Ова претставува класична злоупотреба на деца за политичка промоција, спротивно на законите и претставува грубо кршење на правата на децата.

Член 12, став 4 од Законот за заштита на децата, строго забранува злоупотреба на децата за политичко организирање и дејствување.

Очигледно, за Димитриевски и ЗНАМ нема граници – од тендери, преку политичка пропаганда, до злоупотреба на најмладите.

СДСМ бара итна институционална реакција од сите надлежни органи – Државниот просветен инспекторат, Министерството за образование и наука и Комисијата за заштита на правата на детето.

Бараме утврдување на одговорност и соодветни санкции за сите инволвирани.

Децата не смеат да бидат алатка за политички цели.

Видео:

https://www.facebook.com/reel/1530648151724911