fbpx

Атанасов во Карбинци: СДСМ ќе обезбеди квалитетно и достапно јавно здравство за сите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на Комисијата за образование на СДСМ, Петар Атанасов придружуван од претседателот на Комисијата за енергетика Митко Андреевски денеска беа меѓу граѓаните во Карбинци, Таринци и Радање.

– Децата ни се во странство, се иселуваат масовно, бидејќи не ја гледаат својата иднина овде. Голем број и од нас сакаат да одат со нашите деца во странство, сакаме да ги видиме внуците. Овде тешко е многу, со една плата сме и таа што ја имаме не е доволна за основните месечни трошоци, кои се енормно големи. Надеж гледаме во промена на власта и во СДСМ, велат граѓаните.

– Време е како општество да се движиме напред, а со оваа ненародна власт ова не е можно. Се украдоа, до гуша се заглавени со криминал и затоа Груевски и неговите соработници молчат за злосторничкото здружување. Но, треба да им биде јасно, дека секоја пара којашто е украдена од граѓаните на Македонија ќе ја вратат назад, рече Атанасов во излагањето пред жителите на овој регион.

Митко Андреевски, претседателот на Комисијата за енергетика, пред присутните презентираше дел од мерките од новата програма на СДСМ.

– Новата влада на СДСМ ќе ја укине радиодифузната такса и ќе ја вратиме и ефтината струја. Младите претприемачи ќе добијат 10.000 евра неповратни средства за отварање на сопствен бизнис. Повеќекратно ќе ја зголемиме државната помош за малите и средните претпријатија. Реализацијата на мерките од програмата на СДСМ ќе допринесат за отворање на нови работни места, рече Андреевски.

На прашањето од граѓаните како ќе се реши проблемот со руинираниот здравствен систем и како да се подобрат здравствените услуги, Атанасов одговори дека СДСМ има системско решение за вистински здравствен систем достапен за сите.

-630 милиони евра се потрошија за споменици а со 20 милиони евра можеше 80 нови, целосно опремени амбуланти да се обезбедат за ваквите населени места како вашето. СДСМ ќе инвестира во приоритетите за решавање на проблемите на граѓаните во здравството. СДСМ има системски решенија за создавање на вистинско бесплатно јавно здравство, со бесплатно лекување во болниците и ослободување од партиципација. СДСМ ќе обезбеди квалитетно и достапно јавно здравство за сите, рече Атанасов.

 

 

Последни вести