Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервјуто во емисијата „На Подиум“ на Ора24.тв, во однос на протестот на студентите кои бараат правосудниот испит да се полага и на албански јазик, истакна дека законски решенија за ова прашање веќе постојат. Филипче повика на рационален пристап и додаде дека не треба да се отвораат веќе затворени прашања со кои што се врши дефоукс од реалните проблеми во државата.
„Ова е дефокусот на главните проблеми во државата, тоа сака власта да направи. Кое е логичното објаснување да ако студент студира на албански или на друг јазик и сите испити за време на студиите ги полага на албански јазик, сега последниот, правосудниот испит, да не биде на албански јазик? Што се аргументите? Зошто отвораме нешто што сме го затвориле порано, зошто кога македонскиот и албанскиот народ се пример не во Европа, во светот за соживот. Ние треба да одиме чекор напред, да разговараме за други работи, не како и на кој јазик се полага правосудниот испит“, рече Филипче.
Тој додаде дека во развиените европски земји ваквите прашања не се тема и јазикот се гледа како предност.
„Ние мораме да бидеме конечно модерно општество. Во развиените европски земји не се разговара на оваа тема. Секаде каде што сум јас бил како експерт, лекар во европски земји, во Италија, во Швајцарија, во Германија, јазикот е само едно богатство“, рече Филипче.
Филипче потенцираше дека вистинскиот проблем е иселувањето на младите и недостатокот на услови за нивен развој.
„И тука веќе нема разговор која е националноста на децата. Што оваа влада ќе им понуди на тие да останат во земјава, тоа е суштинското прашање. Што ќе им понуди? Ќе им понуди добар систем, високи плати, ќе им понуди европски пасоши? Мораме да разговараме за работи коишто ни носат вистински прогрес“, рече Филипче.
Линк до видео:
https://www.facebook.com/reel/913913594978086


