Потврда од New York Times за Орбан – пријателот на Мицкоски е скриена рака на Русија во ЕУ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор

Американскиот New York Times го потврди она што го говори СДСМ.

Пријателот на Мицкоски – Орбан е скриена рака на Русија во Европа и во НАТО и дека руски структури и дезинформациски мрежи активно се вклучуваат во политичките процеси во Унгарија, со цел да го одржат Орбан на власт.

Таква е последната лажна операциа (false-flag) случајот со лажните вести за „експлозиви во Кањижа“.

Ова е истата матрица која СДСМ ја разобличува и во Македонија.

Истата мрежа на медиумска контрола, црни кампањи и политичка манипулација која со години ја одржува ВМРО-ОКГ, се злоупотребува во Македонија, исто како што тоа се прави и во Унгарија, Србија, Словенија.

Заедничко за сите овие мрежи е пријателот на Мицкоски, Виктор Орбан кој во изминатите години го зголеми бизнис и медиумското влијание со помош на ВМРО-ОКГ.

Над 40% од медиумскиот простор во Македонија се контролира преку мрежата на Орбан во директна функција на ВМРО-ОКГ и нивните бизнис интереси.

Ова е координирана „авторитарна оска“: Орбан – Јанша – Вучиќ – Мицкоски која функционира по ист принцип: контрола на медиуми, ширење на лажни вести, креирање на страв и кризи и анти-ЕУ пропаганда, односно политичко влијание поврзано со руски интереси.

Ова е една од причините зошто ВМРО-ОКГ не сака да се отворат досиејата на УДБА, како дел од процесот за пристапување кон ЕУ.

Затоа СДСМ бара:

Итна истрага од АВМУ за медиумите поврзани со мрежата на Орбан во Македонија.

Европските институции да го испитаат прекуграничното мешање и руското влијание.

Целосно расчистување на каналите за ширење на дезинформации и спречување на странското влијание.

Време е да се стави крај на оваа мрежа на манипулации.

Македонија заслужува слободни медиуми и демократска иднина.

Затоа СДСМ се бори за европска Македонија.