Филипче: Наместо како премиер, Мицкоски се однесува како уредник на жолт печат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ и пратеник д-р Венко Филипче, на денешните пратенички прашања му порача на премиерот Мицкоски, дека наместо како премиер кој треба да ја води државата кон напредок, тој се однесува како уредник на жолт печат. Во репликата Филипче посочи дека Мицкоски не се фокусира на решавање на клучните проблеми, туку на тендери и на теми кои не се од интерес на граѓаните.

„Вие не сте премиер, вие сте обично уредник на таблоид, на жолт печат. Тендери, тоа вас ве интересира сега, само вашите тендери на блиските луѓе до вас, бизнисот со струја. Се е тоа сега во овој момент, и никаква грижа за граѓаните, ниту за иднината на државата“, рече Филипче.

Во репликата Филипче додаде дека политиките на премиерот Мицкоски водат кон продлабочување на поделбите и застој на стратешките процеси на државата.
„Подгревање на меѓунационални, меѓуетнички тензии, блокирање на европскиот пат. Така држава не се води. Тоа луѓето што седат овде околу вас го знаат, тоа и го коментираат кога не сте тука. Да знаете, има неистомисленици со вас. Така што граѓаните гледаат, знаат како живееле во тоа време, знаат како живееле во ова време. На некој следен изборен циклус ќе го кажат својот глас. Ваква влада ние не заслужуваме“, рече Филипче.