fbpx

Никој не им верува на криминалните структури во врвот на ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ нема одговор на денешната прес конференција на СДСМ, одржана од претседателот на Комисијата за образование.

Фатена како врши политички притисок врз вработените во образованието и како се обидува да спроведе различни форми на предизборна корупција ВМРО-ДПМНЕ раскажува приказни во коишто ни самата не верува.

ВМРО-ДПМНЕ треба да одговори зошто ги собира вработените во образованието по општинските организации? Информациите говорат за повеќе вакви случаи во Битола, Скопје но и во други градови.

Зошто не ги објавува „резултатите“ од омилено екстерно тестирање за ВМРО-ДПМНЕ?

Кого ВМРО-ДПМНЕ лаже со некакви проекти за младите кога 626.312 илјади граѓани ја напуштиле Македонија, пред се, млади и образовани луѓе, поради невработеност и сиромаштија.

Не може ниту да се наброи што се расипа ВМРО-ДПМНЕ во образованието.

По 10 години уништување на образованието со лоши политики и закони, по фрлени милиони евра за непотребни проекти, експерименти, корупцијата со печатење на учебници, предизвикан стрес кај учениците со несоодветни екстерни тестирања ВМРО-ДПМНЕ е најголемиот проблем за образованието.

Никола Груевски потроши 630 милиони евра за споменици и виртуелни проекти кои освен со корупција немаат врска со квалитетот на образовниот процес.

Владата на Никола Груевски ги навредуваше наставниците, ги понижи професорите на универзитетот, ги омаловажи студентите и средношколците

Доста беше!

Џабе ВМРО-ДПМНЕ блефира со некакви виртуелни „големи“ проекти откако го уништи образованието.

Никој не им верува на криминалните структури во врвот на ВМРО-ДПМНЕ. Ниту студентите, ниту професорите што ВМРО-ДПМНЕ ги излажа дека заедно ќе направат закон за високо образование. Ниту наставниците коишто ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги држи во заложништво со екстерното тестирање и академијата за наставници, ниту средношколците, коишто ги понижи.

Од криминалната структура во заминување граѓаните очекуваат само одговорност за тоа што им украдоа 10 години од животот.

 

Скопје, 14.02.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести