Филипче: Регионот припаѓа на Европа, не на Русија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Регионот припаѓа на Европа, а не на Русија, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, осврнувајќи се на промените во Унгарија и нивното значење за целиот регион.

„Ова е голема, историска победа на демократијата над автократијата, на Европа над руското и кинеското влијание и на владеењето на правото над корупцијата“, рече Филипче.

Тој посочи дека оваа победа испраќа силен сигнал до земјите од регионот за правецот во кој треба да се движат.

„Граѓаните на Унгарија јасно и гласно рекоа , доста е од автократија. Историската победа во Унгарија испраќа јасна порака до целиот регион: времето на автократите завршува. Паѓаат автократските режими. Следен е тој во Србија, па после тоа на Мицкоски кај нас. Регионот припаѓа на Европа, а не на Русија. Доаѓа време на правда и одговорност. Време е за Европа кај нас и во целиот регион“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Претседателот Филипче потенцираше дека падот на Орбан значи крај на заштитата што ја имала актуелната власт.

„И сега кога Орбан паѓа, сите овие тајни договори, бизнис комбинации ќе излезат на виделина. Нема повеќе заштита од Орбан, нема повеќе таен план. Сега ќе мора Мицкоски да најде друг начин како ќе ги финансира своите медиуми да шират лажна кампања, и за тоа веројатно ќе ги користи парите коишто ги трошат преку свои блиски фирми од буџетот, практично од парите на граѓаните“, рече Филипче.

Тој додаде дека токму овие врски покажуваат зошто падот на Орбан е важен и за Македонија.

„Владата на Христијан Мицкоски ги стави стратешките интереси на Македонија во рацете на Орбан, не за државата, туку за свои лични и бизнис интереси. Не ги стави во рацете на Унгарија, не ги стави за доброто на Македонија, ги стави во рацете на бизнисмени, блиски луѓе на човекот кој сега веќе не е на власт“, рече Филипче.