fbpx

Кирацовски во Гевгелија: Одговороност за криминалот мора да има

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Потпретседателот на СДСМ и заменик министер во министерството за информатичко општество и администрација, Александар Кирацовски, придружуван од претседателката на Комисијата за земјоделство Татјана Прентовиќ ги посетија и разговараа со граѓаните од Гевгелија и гевгелиско.

– Криминалното владеење на врхушката на власт предводена од Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, ја уништи државата. Ние, заедно со граѓаните ќе се избориме за промени со кои ќе ја вратиме државата во нормален колосек, ќе ја вратиме правдата, слободата, демократијата. Сите коишто украле пари од народот, мора да одговараат и парите да ги вратат назад. Не може државата за некој да биде мајка, а за некој маќеа, рече Кирацовски.

Иселувањето на младите е најголем проблем со кои се соочуваме. Не остана млад човек овде. Станавме место на старци. Најголемиот успех на оваа власт е тоа што ни ги избрка сите млади. Сите наши внуци и деца се отидени во странските земји или размислуваат да заминат. Надежта ја гледаме во промената на власта, велат граѓаните.

Потпретседателот на СДСМ ги презентираше петте столбови на коишто се базира програмата на СДСМ. Клучно во програмата, рече Кирацовски, е обезбедувањето на иднината за младите.

– Младите претприемачи ќе добијат 10.000 евра неповратни средства за отварање на сопствен бизнис. Повеќекратно ќе ја зголемиме државната помош за малите и средните претпријатија наместо досегашните 200.000 евра помош на годишно ниво. Реализацијата на мерките од програмата на СДСМ ќе допринесат за отворање на нови работни места, потенцираше Кирацовски.

Во делот на земјоделието, програмата на СДСМ предвидува зголемување на субвенциите на 160 милиони евра, субвенции коишто ќе бидат навремени и кога им се најпотребни на земјоделците, ќе воведеме „зелената нафта“ и земјоделска социјалната пензија.

Кирацовски потенцираше дека СДСМ нема да учествува на избори без прочистен избирачки список и без регулиран медиумски простор, притоа нагласувајќи дека слободната волјата на граѓаните мора да биде испочитувана во целост.

 

 

Последни вести