Соопштение за јавност
Независната институција Специјално јавно обвинителство работи согласно законите во Република Македонија.
Специјалното јавно обвинителство е формирано како резултат на Договорот од Пржино, којшто беше потпишан од четирите партии, и избрано со огромно мнозинство во Собранието на Република Македонија.
Граѓаните очекуваат дека ќе се врати довербата во правосудниот систем во Република Македонија. Секој оној којшто ги прекршил Уставот и законите во Македонија мора да понесе одговорност.
Скопје, 12.02.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА