fbpx

Кога лажат Тодоров и Груевски, кога јадат бурек или кога зборуваат за маснотии?

Facebook
Twitter
LinkedIn

 Соопштение за јавност

 

Кога лажат Никола Тодоров и Никола Груевски, во бурекџилница кога се сликаат додека јадат бурек или кога зборуваат за нов данок за маснотии во наводен интерес на граѓаните?!

Кога зборуваат за дебата или изминативе 10 години во којшто период не организираа јавна дебата за ниту еден значаен проблем за граѓаните?!

Четвртина бурек колку што држи Груевски во рацете на сликата во прилог, е 40 денари, со колку што живеат цел ден дури 180.000 луѓе во Македонија.

500.000 евра пари на граѓаните беа потребни за рекламите по телевизиите на Груевски и Тодоров со коишто ги учеа луѓето за значењето на здравата храна.

А во реалноста во Македонија, над 500.000 граѓани живеат на работ на сиромаштија.

Да ги интересираа Тодоров и Груевски проблемите на граѓаните тема за дебата ќе беа причините поради коишто во Македонија умираат три пати повеќе новороденчиња од просекот на земјите од Балканот и ЕУ.

Тема за дебата ќе беа пропустите во здравствениот систем поради коишто почина малата Тамара.

Тема ќе беа пациентите кои крварат и сами да си купат завој, пациентите кои на Кардиологија за холтер сами си купуваат батериии, дијабетичарите на кои им даваат стари генерации на инсулин и полуисправни апарати што можат да ги однесат во смрт, руинираните болници.

Но тогаш Тодоров и Груевски ќе требаше да признаат дека тие ги направија проблемите во здравството и тие го срушија јавниот здравствен систем во Македонија.

Тодоров, Груевски и нивните соработници ги интересираат само нови и нови даноци, нови и нови тендери и нови и нови казни со коишто ги соголија граѓаните.

На криминално-корупциската власт и ставаме крај.

Никола Тодоров и власта на Груевски можат да дебатираат само за нивното заминување.

 


Последни вести