fbpx

Пропагандата платена со 20 милиони евра изеде 15 нови градинки

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски се оние коишто за три години, за медиумите задолжени за ширење на владините лаги потрошија 20 милиони евра, пари на граѓаните!

Поради Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ нема нови фабрики коишто можеа да се отворат со 20 милиони евра, нема нови 4 илјади работни места.

Поради ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски не се отворија современи амбуланти во 80 села низ Македонија, колку што можеа да се отворат со овие 20 милиони евра.

Пропагандата платена со 20 милиони евра, народни пари изеде 15 нови, современи градинки и остави над 3.000 дечињата без основни услови.

Наместо за решавање на проблемите на граѓаните 20 милиони евра отидоа за пропаганда, нарачани прилози и црни кампањи.

Тоа се катастрофалните показатели како резултат на владеењето на Никола Груевски.

Оттука лагите на провладините медиуми, платени со милиони евра, пари на граѓаните, за да се крие вистината.

Стравот кај Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ е страв од вистината за катастрофалната реалност.

Затоа Никола Груевски не сака слободни медиуми и не прифаќа закони за регулација на медиумите.

 

Скопје, 06.02.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести