Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ со месеци продолжува да го игнорира проблемот со загадениот воздух кој штетно влијае врз здравјето на граѓаните.
Во Центар загадувањето е дватапати повисоко од максимум дозволеното количество на ПМ10 честички, во Лисиче 3 пати над дозволеното, Гази Баба исто, а во Карпош загадувањето е неколку пати над максимум дозволеното количество на ПМ10 честички.
Во Тетово количеството на ПМ10 честички е 2 пати над дозволеното, а загадувањето во Битола е 3 пати над максимум дозволеното.
Медиумите на Никола Груевски го кријат проблемот со загадувањето.
Додека граѓаните се гушат во загаден воздух и нема инвестиции во животната средина, над 13 милиони евра, пари на граѓаните, завршиле на сметките на Сител, Канал 5 и Алфа.
Заедно со 1,3 милиони евра на сметката на „Курир“, 1,1 милион евра на сметката на „Република“ и 617 илјади евра на сметката на „Радио Слободна Македонија“ тоа се неверојатни 16 милиона евра.
Фамилијарно-тендерските „политики“ на Никола Тодоров и ВМРО-ДПМНЕ го уништуваат здравјето на граѓаните а медиумите на Никола Груевски молчат за проблемот.
Неодговорно и неетички е медиусмките курири да не известуваат и да не го третираат овој проблем којшто предизвикува сериозно нарушување на здравјето на граѓаните.
Ова потврува дека за медиумите на Никола Груевски не се важни интересите на граѓаните и јавната свест туку само пропагандата и медиумските црни кампањи, платени со пари на граѓаните.
Скопје, 05.02.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА