Соопштение за јавност
На новата веб страна на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ ги има само виртуелните проекти на манипулаторот Никола Груевски кој не може да се помири со фактот дека повеќе не е премиер.
Подмладокот на човекот кој потрошил 20 милиони евра за медиумска пропаганда и наместо студентски дом изгради луксузно партиско седиште на ВМРО-ДПМНЕ, нема легитимитет да зборува за младите.
Со 20 милиони евра можеше да се градат повеќе ултра модерни студентски домови и да се реновираат постојните коишто се руинирани. Но, приоритет на Груевски во овие 10 години беа парцелите на Водно, матните зделки на Мијалков, пропагандата платена со пари на граѓаните…
Во реалноста:
-Над 600 илјади граѓани, пред се млади образовани луѓе ја напуштиле Македонија;
-Во Македонија има рекордна младинска невработеност, над 52% според Светска банка;
– Има руинирани студентски домови и лебарки во оброците на студентите;
-Десетици студентски домови ги голтнаа спомениците вредни 630 милиони евра;
– Казнување на средношколци за пишан статус на Facebook.
Доаѓа време кога реконструираните студентски домови, библиотеки, скејт паркови, читални, вработувањата за млади нема да постојат само на веб страни, туку и во реалноста.
Дотогаш фотографиите што ги испраќаме подмладокот на Груевски нека ги закачи на веб страната што ја промовира. Тоа се вистинските фотографии поврзани со младите во Македонија и од условите во коишто живеат студентите.