fbpx

Медиумите на Никола Груевски 10 години шират лаги и сеат магла

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Мерните станици покажуваат загаденост на воздухот дури и во сончеви и ведри денови.

Во Скопје, годишно има помеѓу 150 до 180 денови во коишто воздухот е загаден над дозволеното односно со високи концентрации на канцерогените честички.

Одговорот на овие поразителни факти на ВМРО-ДПМНЕ е „Владата во своите заклучоци им препорача….“

ВМРО-ДПМНЕ нема ниту знаење ниту капацитет да го реши проблемот со енормното загадување на воздухот, штетен по здравјето на граѓаните.

Додека граѓаните се гушат во загаден воздух, полн со високи концентрации на канцерогени ПМ 10 честички за пропаганда и медиумски хајки се потрошени 20 милиони евра за три години.

Медиумите на Никола Груевски 10 години шират лаги и сеат магла во обид да ја сокријат вистината за катастрофалната реалност.

Затоа за три години, во медиумите задолжени за ширење на владине лаги завршиле 20 милиони евра, пари на граѓаните.

Да се инвестираа овие 20 милиони евра во заштита на животната средина граѓаните на Македонија немаше да дишат загаден воздух.

Скопје, 06.02.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести