Соопштение за јавност
На Македонија и е потребна стабилна Влада која ќе се соочи со сите предизвици, како на на економски, така и на политички, но и на меѓународен план и ќе биде стабилен партнер на целата меѓународна заедница.
Се согласуваме дека само стабилна Влада може да ја реши политичката криза креирана од страна на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Таа стабилна влада може и ќе се избере само на фер и демократски избори, коишто ќе се спроведат откако ќе се исполнат двата клучни услови, прочистувањето на избирачкиот список и регулацијата на медиумите.
Промените во Македонија ќе се случат на слободни, фер и демократски избори.
По изборите, новата влада предводена од СДСМ заедно со граѓаните ќе обезбеди стабилна, сигурна Македонија која ќе продолжи по патот на европските интеграции и ќе биде пример за успешно решавање на предизвиците коишто моментално се исправени пред нашата земја.
Скопје, 04.02.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА