fbpx

Николовски во Маврово Ростуше: Додека вие немате огрев, фамилијата извезува дрва во Грција

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Членот на Извршниот одбор на СДСМ и дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, заедно со претседателот на Комисија за одбрана на СДСМ, Максим Димитриевски и претседателот на Комисија за животна средина Пеце Мирчески се сретнаа со жителите од Скудриње, Присојница, Јанче во општина Маврово Ростуше.

Граѓаните се пожалија на лошата инфраструктура,големиот број на диви депонии, напроблемите околу снабдувањето со огревно дрво, а го посочија и криминалот со дива сеча на шумите.

“Колку сакаат толку си сечат, никој не води сметка за ништо. Ние мака мачевме, не можевме дрва да добиеме.Дури во јануари дојдовме до огревно дрво. Никој за граѓаните не мисли само на црните бизниси!”,се пожалија жителите на овој регион.

Додека вие немате огревно дрво Никола Груевски и фамилијата истото го извезуваат за Грција и преку своите локални шерифи само си ги полнат џебовите, возврати Николовски.

-Видовте дека во изминатиот период ги разобличуваме криминалите на Груевски и фамилијата.Секојдневно доаѓаат огромен број на оштетени граѓани и ја бараат нашата помош. Така и ќе продолжиме, одговорно во интерес на граѓаните. Огромен е криминалот и со огревното дрво.Ќе се откриваат уште многу криминали на оваа ненародна власт и секој што го прекрши законот ќе одговара,рече Николовски.

Николовски ги образложи и мерките од Програмата коишто по промените ќе ги спроведе новата влада на СДСМ за подобрување на животот на сите граѓани.

-Ветуваме домаќинско, транспарентно и одговорно работење. Нашата цел е Македонија да биде земја со бројна и економски стабилна средна класа, наместо општество со мала група богати и мнозинство сиромашни граѓани, рече Николовски.

Зборувајќи за актуелната политичка ситуација Николовски рече Никола Груевски се плаши од слободни, фер и демократски избори затоа што знае дека ќе ги загуби.

Затоа не сака прочистен избирачки список, затоа не сака слободни медиуми. А без прочистен избирачки список и слободни медиуми нема фер избори.

Помина времето на Никола Груевски. Македонија бара промени и промените ќе се случат на слободни, фери демократски избори за подобра и успешнаРепублика Македонија.

 

 

 

 

Скопје, 01.02.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести