fbpx

Кирацовски во Могила: 2016 е година на промени

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Потпретседателот на СДСМ, Александар Кирацовски, придружуван од претседателот на Комисијата за локална самоуправа, Дејан Павлески, оствари средби со граѓаните од населените места Беранци, Ивањевци и Добрушево, општина Могила.

На средбите се разговараше за проблемите на граѓаните, за решенијата на СДСМ но и за актуелната политичка ситуација во земјата.

Граѓаните се пожалија на мачниот, сиромашен живот и иселувањето на младите поради тешката економска ситуација во нашата држава.

-Се уште немаме канализација и бројни други основни човекови потреби, а оваа власт се дрзна да троши милиони за споменици. Нашите пари ги троши за нивните бизниси а ние немаме основни услови за живот, рече еден од граѓаните.

Кирацовски ги запозна граѓаните со решенијата од програмата на СДСМ и бројните инфраструктурни проекти со кои ќе се создадат основните услови за живот во овие населени места.

Потпретседателот Кирацовски ги презентираше и мерките за вработување на младите, коишто ќе создадат услови младите да останат во родната земја и иднината да ја градат тука, во Македонија.

Во делот на земјоделието, СДСМ ќе ги зголеми субвенциите за 160 милиони евра годишно, ќе направи ревизијата на доделеното земјоделско земјиште за да го добијат вистинските земјоделци, ќе воведе зелената нафта и ќе го укине персоналниот данок на земјоделското производство до износ од 300.000 денари.

-2016-та е година на промени. Со новата Влада на СДСМ земјоделците ќе добиваат навремени, наменски и стимулирачки субвенции, рече Кирацовски.

Кирацовски го повтори ставот на СДСМ дека нема услови за слободни, фер и демократски избори.

– Ние нема да дозволиме да се случат уште едни корумпирани, криминални избори! Бидејќи до 24-ти апарил, прочистувањето на избирачкиот список и регулацијата на медиумскиот простор нема да бидат апсолвирани, ние на овие еднострано закажани избори нема да учествуваме, а во таа наша намера, ќе истраеме до крај!, рече Кирацовски

Помина времето на Никола Груевски, свесен е дека одговорноста за неговите злодела пристигнува. Никола Груевски се плаши од слободни, фер и демократски избори затоа што знае дека ќе ги загуби, додаде тој.

Скопје, 30.01.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести