fbpx

Граѓаните дишат загаден воздих, a ВМРО-ДПМНЕ продолжува да го игнорира овој проблем

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Граѓаните на Македонија со месеци дишат загаден воздух, а ВМРО ДПМНЕ максимално го игнорира овој проблем.

Со игнорантскиот однос спрема загадувањето на воздухот, ВМРО-ДПМНЕ придонесува да има штетни последици по здравјето на граѓаните.

Мерните станици во континуитет, со денови, недели и месеци покажуваат огромна загаденост на воздухот во Македонија, како во вечерните така и во утринските часови.

Во Центар загадувањето е 11 пати повисоко од максимум дозволеното количество на ПМ10 честички, во Лисиче 17 пати над дозволеното, Гази Баба 10 пати, а во Карпош загадувањето е 6 пати над максимум дозволеното количество на ПМ10 честички.

Во Тетово количеството на ПМ10 честички е рекордно 17 пати над дозволеното, а загадувањето во Битола е 6 пати над максимум дозволеното.

Срамно и неодговорно е ВМРО-ДПМНЕ да не презема ништо во врска со оваа значајна тема која е директно поврзана со здравјето на граѓаните.

Политиките на Никола Тодоров и ВМРО-ДПМНЕ не само што ги разболеа граѓаните, туку и нема кој да ги лечи болните граѓаните.

Тие се збогатија со пари од граѓаните што требаше да бидат употребени за заштита на нивното здравје и нивните животи, затоа што тоа се нивни пари.

Фамилијарно-тендерските „политики“ на Никола Груевски, Николa Тодоров и ВМРО-ДПМНЕ го уништуваат здравјето на граѓаните.

Затоа заврши времето на Никола Груевски. Заврши времето на Никола Тодоров. Завршува времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје, 29.01.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести