Соопштение за јавност
Граѓаните на Македонија со месеци дишат загаден воздух, а ВМРО ДПМНЕ нема никаква намера да преземе нешто за овој сериозен проблем.
ВМРО-ДПМНЕ продолжува со игнорантскиот однос во однос на загадениот воздух којшто предизвикува штетни последици по здравјето на граѓаните.
Мерните станици во континуитет, со денови, недели и месеци покажуваат огромна загаденост на воздухот во Македонија, како во вечерните така и во утринските часови.
Во Центар загадувањето е 5 пати повисоко од максимум дозволеното количество на ПМ10 честички, во Лисиче 9 пати над дозволеното, Гази Баба 7 пати, а во Карпош загадувањето е 5 пати над максимум дозволеното количество на ПМ10 честички.
Во Тетово количеството на ПМ10 честички е рекордно 16 пати над дозволеното, а загадувањето во Битола е 10 пати над максимум дозволеното.
Срамно и неодговорно е да се игнорира ваква значајна тема директно поврзана со здравјето на граѓаните.
Политиките на Никола Тодоров и ВМРО-ДПМНЕ не само што ги разболеа граѓаните, туку и нема кој да ги лечи болните граѓаните.
Тие се збогатија со пари од граѓаните што требаше да бидат употребени за заштита на нивното здравје и нивните животи, затоа што тоа се нивни пари.
Фамилијарно-тендерските „политики“ на Никола Груевски, Николa Тодоров и ВМРО-ДПМНЕ го уништуваат здравјето на граѓаните.
Затоа заврши времето на Никола Груевски. Заврши времето на Никола Тодоров. Завршува времето на ВМРО-ДПМНЕ.
Скопје, 28.01.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА