fbpx

Безброј лажни ветувања на ВМРО-ДПМНЕ во Крива Паланка

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Владимир „дил ориентед“ Пешевски нема ама баш никаков кредибилитет да зборува за за остварени ветувања, уште помалку за одржување на зборот.

Освен ако на „остварени ветувања“ и „одржување на зборот“ Владимир „дил ориентед“ Пешевски не мисли на остварените зделки и договорени проценти за провизии што легнаа во џебовите на фамилијата.

Пешевски отиде во Крива Паланка ама не спомена ниту збор за тоа што повеќе од 1.000 рудари останаа без работа.

Рудниците за олово и цинк „Тораница“ и „Злетово“ се затворија, по прогласувањето на стечат и повлекувањето на индиската компанија.

Тоа ли е остварено ветување за „дил ориентед“ Пешевски, над 1.000 семејства да останат без егзистенција?

Во Крива Паланка нема нови фабрики, нема нови работни места. Има само лажни ветувања коишто никогаш не се реализирани.

Затоа Владимир „дил оринетед“ Пешевски не кажа ништо ниту за нереализираната инвестиција на „Веибо груп“ помпезно најавувана од Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Ја нема ниту ветената брза сообраќајница со четири ленти од Крива Паланка до Ранковце, иако беше ветена од ВМРО-ДПМНЕ.

Нема ниту нови гранични премини кон Голеш и Трговиште, нема нов патен правец во должина од 17км кон Македонска Каменица.

Ништо од овие ветени проекти, значајни за граѓаните на Крива Паланка и целиот северо-источен регион не се реализирани.

Граѓаните се заборавени од ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

Затоа заврши времето на Никола Груевски. Затоа завршува времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје, 24.01.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести