fbpx

Загадувањето труе, власта си купува пердуви

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Загадувањето на воздухот ги труе граѓаните кои и за викенд не може да ги изнесат своите деца на прошетка.

Загадувањето на воздухот во Скопје со канцерогените ПМ10 честички и денеска е над дозволените граници.

Три до четири пати над максилано дозволените граници во последното денонокие е регистрирано загадување на воздухот во Лисиче, Гази Баба, Карпош.

Загадувањето на воздухот во Битола е 4 пати повисоко од максимум дозволеното.

Загадувањето на воздухот во Тетово е 5 пати над максимум дозволеното.

Здравјето на граѓаните нема никакво значење за власта на ВМРО-ДПМНЕ.

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ цели 10 години не преземаа ниту една сериозна мерка за намалување на загадувањето на воздухот.

Наместо да го решат проблемот со загадувањето, Груевски и фамилијата изминатите години ги решаваа своите бизнис интересите.

Тие се збогатија со пари од граѓаните што требаше да бидат употребени за заштита на нивното здравје и нивните животи, затоа што тоа се нивни пари.

Граѓаните во Македонија и понатаму се гушат во нечист, загаден воздух полн со канцерогени честички опасни по нивното здравје.

Власта на ВМРО-ДПМНЕ и понатаму се луксузира, овојпат со мебел од времето на Луј XV, пердуви и рачно изработени теписи, а и понатаму го игнорира загадувањето што го загрозува здравјето и животот на граѓаните.

Затоа заврши времето на Груевски. И затоа завршува времето на ВМРО-ДПМНЕ.
Се што одзедоа на народот Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ќе вратат, а учесниците во злоделата ќе одговараат.

Скопје, 23.01.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести