Соопштение за јавност
Никола Груевски не може да се помири со фактот дека не е премиер и дека уште кратко време ќе биде само претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Лажните и лицемерни ветувања на Никола Груевски во името на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажуваат дека нема капацитет да разграничи што е држава а што партија.
Тоа е истиот Никола Груевски кој за 10 години не изгради ниту еден студетски дом. Како што самиот призна, 10 години барал локација.
Денеска Никола Груевски директно призна дека студентите и младите немаат основни потреби.
Дополнително, човекот кој за себе си нарачуваше луксузен мерцедес од 600 илјади евра, со кожни седишта и екрани, нема никаков кредибилитет лицемерно да најавува перални и сушални во студетските домови.
Никола Груевски е човекот чиишто погрешни политики иселија 626.312 граѓани од Македонија, пред се млади, образовани луѓе. Тој нема легитимитет да зборува за проекти за младите.
Поради огромната невработеност и нискиот животен стандард во Македонија секој втор млади човек сака да ја напушти државата.
Доцна е за Никола Груевски, никој не му верува а, најмалку студентите.
Скопје, 20.01.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА