fbpx

Дијагноза има, болеста на здравството е Никола Груевски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Никола Груевски го најавува Клиничкиот центар во Скопје од 2010 година.

Ова е една од лагите на Груевски.

Денес е 2016 година, нов Клинички центар во Скопје нема.

Груевски ја најавува Клиничката болница во Штип од 2006 година. Ја најавува пред секои избори: 2008, 2011, 2013, 2014, 2015.

Денес е 2016 година, нова Клиничка болница во Штип нема.

За ПЕТ Центарот за рано дијагностицирање малигни заболувања Груевски зборува од 2011 година.

Денес е 18 јануари 2016 година. ПЕТ центар нема.
Има надградени и проширени тендери за ПЕТ центарот.

Најавените 4 милиони евра во 2013 година, пораснаа на над 6 милиони евра во 2014 година. На крајот од 2015 година сумата што ја соопшти лично Груевски е 16 милиони евра!

Според последните извештаи на Фондот за здравство, на крајот на јуни 2015 година, само долговите на јавните здравствени установи се над 51 милион евра!

Груевски и партнерот Тодоров не ги интересират интересите на граѓаните туку само тендери.

Груевски и Тодоров набавуваат медицинска опрема, којашто не им служи на граѓаните туку на тендерските апетити на фамилијата.

Увидот на Ревизорот, констатиран во послендиот ревизорски извештај, покажува дека:

-Се набавува медицинска опрема што отстапува од потребите наведени во тендерите
-Власта доцни со плаќање на опремата за што граѓаните плаќаат и дебели камати
-За набавена милионска опрема нема просторни услови, ниту обучени кадри
-На опремата што стои неискористена во кутии и поминуваат гарантните рокови

Со тоа виртуелните инвестиции на Груевски во здравството се реални инвестиции во џебовите фамилијата.
Болеста на здравството е Никола Груевски. Лекот за здравството е заминувањето на Никола Груевски.

Збогум Никола!

 

Скопје, 18.01.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести