Соопштение за јавност
Никола Груевски се плаши од фер, слободни и демократски избори затоа што ќе ја плати цената што им украде 10 години живот на граѓаните и ќе се соочи со одговорноста за целокупниот криминал на фамилијата.
Затоа Груевски не сака прочистен избирачки список.
Затоа Груевски не сака слободни медиуми.
Граѓаните на Македонија освен фамилијата на Никола Груевски немаат корист од одржување на избори без претходно прочистување на Избирачкиот список и без навремена регулација за слободни медиуми.
Непрочистениот Избирачки список и медиумскиот мрак фамилијата би сакала да го користи за спас на сопствената кожа.
Затоа Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не ги исполнија клучните обврски од Договорот од Пржино, не е прочистен Избирачкиот список, не е спроведена регулација на медиумите, a не функционира ниту Анкетната комисија за незаконското прислушување.
За двете обврски се доцни неколку месеци. За медиумите требаше се да се заврши на крајот на август, минатата 2015 година а прочистувањето на Избирачкиот список е незавршена обврска поради донецење на изборот на ДИК цели 5 месеци.
Сите предуслови согласно Договорот од Пржино мора да бидат исполнети и имплементирани за да може граѓаните слободно да ја изразат својата волја.
Поради Никола Груевски загрозена е европската иднина на Репубила Македонија. Груевски има проблем со европска Македонија затоа што ЕУ не толерира криминал и корупција.
За СДСМ не се прифатливи избори без слободни медиуми и без прочистен Избирачки спосок и на такви избори нема да учествува.
Ние ќе продолжиме да се бориме за создавање на фер и демократски услови за одржување на изборите со сите демократски средства што ни стојат на располагање.
Ќе продолжиме да се бориме за слободна и демократска Македонија.
Македонија бара промени и промените ќе се случат на наредните слободни, фер и демократски избори.
Скопје, 17.01.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА