Соопштение за јавност
Претставници на СДСМ, Татјана Прентовиќ, членка на Извршниот одбор на СДСМ и Мирослав Вујиќ, претседател на Надзорниот одбор на СДСМ присуствуваа на основачкото собрание на Партијата на Македонците во Србија (Странка Македонаца Србије – СМС).
Претставниците на СДСМ, во име на претседателот Зоран Заев и на Социјалдемократскиот сојуз го поздравија основањето на партијата изразувајки надеж за натамошна меѓусебна соработка на политички план.
СДСМ беше единствена политичка партија од Р. Македонија којашто присуствуваше на основачкото собрание на Партијата на Македонците во Србија.
Скопје, 18.01.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА