fbpx

Пак хаварија во РЕК, пак ќе плаќаат граѓаните?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Колабираше повторно еден блок од РЕК Битола.

Вториот блок во РЕК Битола не работи поради дефект и хаварија со цевките.

Само пред 10-тина дена блок 1 на енергетскиот комбинат не работеше.

Само пред нецели две години наводно се модернизираше котелот во блок 2 и беа променети цевките за што платија граѓаните.

Власта потроши над 50 милиони евра пари на граѓаните за модернизација на целиот комбинат.

Но дефектите не престануваат.

Секој дефект значи прекин на работа на некој од блоковите, загрозено домашното производство на електрична енергија и увоз на скапа струја.

Новите испади во РЕК покажуваат дека и годинава граѓаните тројно ќе плаќаат. Освен што платија милиони евра за наводната мореднизација на РЕК, освен што плаќаат за дефектите што не престануваат, и понатаму ќе плаќаат скапа увезена струја.

Увозот на струја во државата во време на владеењето на Никола Груевски достигна рекордни над 40 проценти.

Затоа граѓаните и плаќаат толку високи сметки за струја.

Осиромашените граѓани ги плаќаат хавариите на енергетските политики на Груевски и неговите соработници.

Но, Груевски и неговите соработници не ги интересираат интересите на граѓаните туку тендери и нивните бизниси.

Слушнавме во проектот Вистината за Македонија како Груевски заедно со директорот на РЕК Битола, Чинговски се вмешани во местења тендери за ископ на јаглен.

На граѓаните им е потребен стабилен енергетски систем, којшто ќе гарантира стабилно производство на електрична енергија и домашна поефтина струја.

Затоа, како што најавивме во програмата, СДСМ ќе ја врати ефтината тарифа на струјата што ја укина Груевски.

Ќе поттикнеме и поддржиме развој на домашните енергетски капацитети. Со тоа ќе обезбедиме зголемување на домашното производство на струја коешто ќе донесе и пониска цена за струјата.

Збогум Никола!

 

Скопје, 15.01.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести