fbpx

Богов, кажи зошто најголемите светски банки не сакаат да ја финансираат владата во заминување?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Гувернерот Димитар Богов којшто се јавува во улога на портпарол на Груески и Ставрески продолжува да одработува за криминалната фамилија на власт наместо да се грижи за интересот на државата и на граѓаните.

Портпаролот на Никола Груевски треба да им одговори на граѓаните зошто најголемите светски комерцијални банки, воедно и KFW и Светска банка, не сакаат да ја финансираат владата во заминување.

Граѓаните знаат. Се очекуваат промени на власта во Македонија на слободни, фер и демократски избори.

Каква е економската состојба во земјава најдобро покажува податоците дека 10 илјади фирми се затворени а секоја трета е со блокирана сметка, дека над 180 илјади граѓани во Македонија живеат со по 40 денари на ден, над 500 илјади граѓани живеат на прагот на сиромаштијата…

Поради „дил-ориентед“ политиките на Груевски, 626.312 граѓани заминале од Македонија, пред се млади, образовани луѓе.

Зошто Богов не ги праша медиумите на уредникот Никола Груевски како тоа додека граѓаните осиромашуваат овие медиуми врат милиони евра на нивните сметки? Како истата „Република“ којашто објавува нарачани интервјуа на Богов, остварува приходи од 1,1 милион евра?

На Богов треба да му биде јасно дека државата не постои заради лично богатење на поединци коишто ја злоупотребија власта на штета на студетните, лекарите, новороденчињата, фирмите…

Државата постои за граѓаните и државата ќе се врати кај граѓаните по промените на следните фер, демократски и слободни избори.

Скопје, 16.01.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести